Дома Трансфер зона Инзаги и Пиоли „заљубени“ во ѕвездата на Верона

Инзаги и Пиоли „заљубени“ во ѕвездата на Верона

Миланските гиганти Интер и Милан водат битка за играчот од средниот ред на Верона, Антонин Барак, пренесуваат италијанските медиуми.

Барак е еден од најдобрите играчи на Верона оваа сезона, а особено се истакна на последниот меч против Сасуоло кога постигна хет-трик.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Чешкиот играч за врска ги воодушеви Инзаги и Пиоли, кои сега го означија како примарна цел за следното лето.

Верона е спремна да го пушти на крајот на сезоната и за неговата слобода бара 20 милиони евра.

Миланските гиганти уште сега ги започнаа преговорите и сакат да го обезбедат потписот на Барак во јануари, а да го доведат по завршување на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…