Дома Фудбал Италија Инзаги испишува историја: Денес може да ги прескокне Анчелоти, Капело, Алегри и Траптони

Инзаги испишува историја: Денес може да ги прескокне Анчелоти, Капело, Алегри и Траптони

Симоне Инзаги има одлична сезона на клупата на Интер под негово водство Интер засега ја игра една од најдобрите сезони во првенството каде што има 12 бода предност и натпревар помалку.

Интер е на одличен пат да ја освои титулата, а Инзаги може да постави и уште еден нов рекорд. Инзаги на вечната листа може да ги помине своите колеги, Карло Анчелоти, Масимилијано Алегри, Џован Траптони и Фабио Капело.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На натпреварот со Џенова, Инзаги ќе го води Интер по јубилеен 300-ти па во кариерата. Како тренер на Лацио и Интер досега забележа учинок од 178 победи, 50 нерешени натпревари и 71 пораз.

Ако Интер победи вечерва Инзаги ќе стане најусоешниот тренер во историјата кога во прашање се овој број натпревари. Освен тоа Интер ќе направи и уште еден чекор напред кон освојувањето на титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул ќе има кошмари од Естевао: Голот на Бразилецот од повеќе агли (Видео)

Челси успеа да го добие дербито против Ливерпул со 2-1, а херој на „сините“ беше Естевао с…