Интересна вест пренесуваат денес италијанските медиуми, станува збор за Клаудио Раниери и Лестер.
Како што пренесува „Кориере Дело Спорт“, претседателот на англискиот клуб го повикал човекот кој на Лестер му ја донесе сензационалната титула во Премиер лигата да се врати во клубот и да го замени Крег Шекспир кој доби отказ, иначе негов поранешен помошник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секако, што друго можеа да очекуваат, Италијанецот без размислување ја одбил нивната понуда, па потоа за нов тренер на англискиот клуб беше назначен Клод Пуел.
„Не, благодарам“, гласел краткиот одговор на Раниери.
Да потсетиме, Италијанецот со Лестер ја направи можеби и најголемата сензација во историјата на фудбалот, откако пред две сезони со „лисиците“ ја освои титулата во Премиер лигата.
Раниери во овој момент го предводи Нант во француското првенство.