Марио Манџукиќ изгледа брзо ќе го напушти катарскиот Ал Духаил, барем така пишува „Калчомеркато“.
Претходно Манџукиќ се поврзуваше со турските гиганти Фенербахче и Галатасарај, а сега Италијанците тврдат дека опција е и Милан каде што ќе се ослободи место во нападот со веројатното заминување на Ибрахимовиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манџукиќ со сегашниот клуб има договор до јуни 2021 година, меѓутоа Хрватот бил незадоволен од квалитетот на фудбалот и тимот на Ал Духаил и наводно тоа е главната причина поради која сака да се врати во Европа.