Дома Топ вести ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Алберто Џилардињо доби повик од Премиер лигата!?

ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Алберто Џилардињо доби повик од Премиер лигата!?

Искусниот италијански напаѓач, Алберто Џилрадињо, на „стари години“ би можел да заигра во Премиер лигата, пренесуваат англиските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Наводно, менаџерот на Кристал Палас, Рој Хоџсон, смета дека со доведувањето на Џилардињо би можел да го реши проблемот со неефикасноста.

Клубот од јужен Лондон очајно ја отвори сезоната и тие после седум кола запишаа исто толку порази и не успеаа да постигнат ниту еден погодок.

Поради повреди Хоџсон не може да смета на Кристијан Бентеке, Вилферд Заха и Конор Викам, па така проблемите во нападот искусниот стручњак смета дека би можел да ги реши со доведувањето на италијанскиот ветеран.

Џилардињо има 35 години и во овој момент е слободен агент, а интересно е дека единствениот клуб за кој настапувал надвор од Италија беше кинескиот Гвангжу Евергранде. Овој фудбалер најголема трага остави во дресот на Фиоентина, Парма и Милан, а настапуваше уште за Џенова, Болоња, Палермо, Верона, Пијаченца, Емполи и Пескара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…