Дома Фудбал Италија Игуаин oтворено: Дадов се за Јувентус, буквално бев избркан…

Игуаин oтворено: Дадов се за Јувентус, буквално бев избркан…

Напаѓачот на Милан, Гонзало Игуаин со нетрпение го чека големото градско дерби на Милано против Интер.

„Дерби дела Мадонина“ скоро секогаш носи многу возбудувања, а нема сомневање дека и овој пат ќе биде така. Игуаин ова дерби го спореди со она на Мадрид кога како член на Реал играше против Атлетико.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Секое дерби има посебен вкус. Ќе биде исто и овој пат. Ова е моето прво дерби во Милан и големо ми е задоволството што ќе имам прилика да играм. Фактот што на „Сан Сиро“ ќе има повеќе навивачи на Интер ни дава дополнителна мотивација. Ова дерби е преполно со страст, баш како и она во Мадрид“.

„Милан може да победи ако размислуваме на начин да не се плашиме од никого. Ако така се однесуваме можеме да ги освоиме бодовите“, изјави Игуаин.

Потоа новинарите го запрашаа за неговиот дуел со Мауро Икарди.

„Не играме тенис, ова е фудбал. Играме 11 на 11, не напаѓач против напаѓач“, кратко прокоментира Аргентинецот.

Потоа Игуаин зборуваше и за тоа како за неговото заминување од Јувентус, за кое јасно кажа дека не било по негова желба.

„Од финалето на Купот на Италија имав чуство како нешто да се прекина. Потоа го купија Роналдо. Одлуката да заминам не беше моја туку нивна. Дадов се за тој клуб и освоив многу трофеи. Кога Кристиано дојде, ми кажаа дека не можам да останам и јас го избрав Милан. Не сакам да им се одмаздам бидејќи соиграчите и навивачите ме третираа на добар начин, но јас буквално сум избркан од клубот“, не криеше напаѓачот.

Ќе потсетиме, Игуаин во Милан пристигна како дел од зделката со Калдара и Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…