Дома Фудбал Играч на Барса: На тренинзите сите го „штедат“ Меси

Играч на Барса: На тренинзите сите го „штедат“ Меси

Дефанзивецот на Барселона, Жан Клер-Тобидо, кој неодамна се пресели на позајмица во Шалке тврди дека сите во каталонскиот клуб мораа да бидат „нежни“ кон најголемата ѕвезда, Лионел Меси.

Според дефанзивецот, на тренинзите на Каталонците сите внимаваат во одбраната против Меси за случајно да не го повредат Аргентинецот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Сите знаевме дека не можеме да си дозволиме Меси да се повреди. Сите го чуваат многу внимателно на тренинзите. Научив многу од Меси и дури имав неколку интервенции против него, но бев внимателен да не го повредам“, изјави 20-годишниот дефанзивец.

Тодибо пристигна во Барселона како еден од најперспективните дефанзивци во Европа, но не можеше да се избори со конкуренцијата на „Камп Ноу“ и во една година одигра само пет натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвезда на Манчестер сити му се понуди на Реал Мадрид!? (ФОТО)

Рoдри (29), легенда на Манчестер сити и дете на Атлетико Мадрид, предизвика големо внимани…