Дома Трансфер зона Играч на Атлетико му се нуди на Јувентус

Играч на Атлетико му се нуди на Јувентус

Саул Нигез минатото лети го напушти Атлетико Мадрид и се пресели во Челзи, но не се прослави на „Стенфорд Бриџ“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


27-годишниот шпански играч за врска се врати во Мадрид, но очигледно е дека за него нема повеќе место во тимот на Симеоне.

Саул не можеше да се навикне на животот во Англија, ниту пак на стилот на игра на „сините“, па многу ретко добиваше шанса во Челзи.

Симеоне му порачал дека слободно може да си бара нов клуб, а неговите агенти стапиле во контакт со Јувентус.

После повредата на Погба, „бјанконерите“ се во потрага по играч за врска, па Саул му се понудил на италијанскиот гигант.

Јувентус се уште не дал одговор, но може да го доведе Шпанецот н позајмица со право на откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…