Дома Фудбал Играчот на Реал кон Зидан: Не се секирај, и јас не сакам да работам со тебе!

Играчот на Реал кон Зидан: Не се секирај, и јас не сакам да работам со тебе!

Уште од враќањето на Зинедин Зидан на тренерското столче во Реал Мадрид стана јасно дека за некои фудбалери нема место во неговиот тим.

Еден од нив е и Дани Себаљос, кој воопшто не добива шанса под раководство на Зидан. Пред крајот на сезоната францускиот стратег имал приватен разговор со играчот и му кажал дека е слободен да си бара нов клуб.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Не се секирај тренеру, и јас не сакам да работам со тебе“, му кажал Себаљос во очи на Зидан, открива весникот „АС“.

За Себаљос интерес покажуваат многу клубови ширум Европа, но најблиску до неговиот потпис е Тотенхем, кој го сака младиот Шпанец како замена за Кристиан Ериксен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хулиган за време на дербито во Далмација удри голман, па тргна сам кон навивачите на противникот (Видео)

Во далматинското дерби, Шибеник во 9-то коло од Третата НЛ југ го победи Задар на гости со…