Големото дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид на програмата е наредниот викенд на „Камп Ноу“.
Меѓутоа „Ел Класико“ веројатно нема да биде возбудливо како што е вообичаено бидејќи Барса има прилика веќе овој викенд да ја обезебди титулата шампион на Шпанија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона ќе гостува кај скоро отпишаниот Депортиво и на тимот на Ернесто Валверде му е доволен само бод за и математички да ја обезбеди титулата.
Иако вообичаено е во Шпанија да се направи шампионски шпалир за шампионот „кралевите“ порачаа дека тоа нема да се случи на „Ноу Камп“.
Зинедин Зидан веднаш порача дека неговите играчи нема да и аплаудираат на Барселона на освојувањето на титулата.
Меѓутоа тоа би можело да се промени, но не поради тоа што Барса ќе биде нов шампион на Шпанија, туку во чест на Андрес Иниеста.
Иниеста во текот на вчерашниот ден потврди дека ова му е последна сезона во каталонскиот клуб, а од наредната веројатно ќе игра во Кина. Според шпанските медиуми одредени играчи на Реал му порачале на Зидан дека сакаат да направат шпалир во чест на Иниеста бидејќи тој тоа го заслужил со своите настапи во Барса и репрезентацијата на Шпанија.