Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ проговори за можното враќање во репрезентацијата

Ибрахимовиќ проговори за можното враќање во репрезентацијата

Златан Ибрахимовиќ од вчера официјално е член на американскиот ЛА Галакси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа, постои можност Ибрахимовиќ да го гледаме и во дресот на Шведска на Светското првенство. Иако последниот натпревар за националниот тим го одигра пред две години, вели дека тој ќе одлучи дали ќе игра во Русија.

„За сега сум фоксуиран само на Галакси. Сакам да ги запознаам играчите, клубот и градот, а што се однесува за репрезентацијата на Шведска, тука јас одлучувам. Ако сакам да играм на Светското првенство ќе играм, ако не, нема да бидам таму. Гладен сум за фудбал, но одиме чекор по чекор. Ако се чувствувам добро и ако видам дека можам да помогнам, вратата ми е отворена“, изјави Златан.

Претходно слекторот на Шведска, Јан Андерсон му понуди на Ибра разговор за да видат што можат да направат, но реално гледано, тешко дека Ибрахимовиќ ќе отпатува со остатокот на екипата на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тухел пред натпреварот со Мексико доби прашање за – вијагра!

Селекторот на Англија, Томас Тухел, со насмевка се соочи со прашањето дали неговиот тим уп…