Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ жестоко го нападна Кристијано Роналдо кој тврдеше дека ја допрел топката при голот кој остана запишан на Бруно Фернандеш.
Првиот гол на Португалија предизвика реакции затоа што прво беше запишан на Роналдо, но потоа по направената проверка голот се додаде зад името на Вруно Фернандеш. Ибрахимовиќ го критикуваше Роналдо затоа што смета дека се обидел да ги убеди сите дека голот е негов.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сигурно сите знаете кога сте ја допреле топката и знаете кога не сте ја допреле…Срамота е да заборавите дека има камери кои ќе ја откријат вистината. Ако јас бев во таа ситуација ќе трчав кон Бруно ќе му кажев дека голот е негов и дека не сум ја удрил топката, а не да се обидам да добивам непотребно внимание од јавноста.
Очигледно е дека се сака да се врти околу него, затоа и Тен Хаг го избрка од Манчестер Јунајтед. Роналдо е вознемирен затоа што сите очи се вперени кон Меси кој успеа да ја одржи Аргентина во живот на Мундијалот, па сега се обиде да ја украде славата од Бруно. Светското првенство и фудбалот не се за лажговци“, порача Ибра.