Дома Фудбал Зошто Меси денес не се појави во тренинг центарот?

Зошто Меси денес не се појави во тренинг центарот?

Лионел Меси вчерао бјави дека останува во Барселона до крајот на неговиот договор, односно до крајот новата сезона.

Шпанските медиуми веднаш објавија дека Меси уште во понеделник ќе се приклучи на припремите за новата сезона, но пред тоа мора да се тестира на коронавирус како и останатите од тимот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Меси сакаше да ја напушти Барселона и да го раскине договорот, меѓутоа управата на клубот не му дозволи такво нешто , па за целата работа да не заврши на суд Аргентинецот ќе остане уште една сезона.

Денес бројни новинари го чекаа Меси пред тренинг центарот на Барселона да го заврши тестирањето и да се приклучи на тимот, но тој не се појави.

Меѓутоа, набрзо стигна и објаснување зошто Лео не се појавил. Имено, тој одлучил да се тестира во неговиот дом, не во тренинг центарот како што пред неколку дена направи остатокот од тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА го суспендираше Емилијано Мартинез

Светската фудбалска организација, ФИФА го суспендираше аргентинскиот голман Емилијано Март…