Дома Фудбал Англија Зошто Дембеле вчера го гледаше натпреварот на Сандерленд?

Зошто Дембеле вчера го гледаше натпреварот на Сандерленд?

Фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле вчера ја изненади фудбалската јавност откако се појави на натпреварот помеѓу Сандерленд и Шефилд Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Чудно беше за многумина што напаѓачот на Барселона кој во овој момент е повреден се појави на тој натпреварот и не се знаеше каква е поврзаноста на Дембеле со овој клуб.

Сепак, набрзо од шпанските медиуми стигна објави објаснување. Имено, Дембеле бил добар пријател со претседателот на Сандерленд Кирил Луис-Драјфус и токму со него го следеше натпреварот.

Се потсети дека Дембеле минатата сезона преку социјалните мрежи му честиташе на Сандерленд за пласманот во Чемпионшип. Инаку, францускиот бизнисмен и прв човек на Сандерленд има само 25 години и тој е најмладиот претседател на клуб во Англија.

Доаѓањето на Дембеле секако беше голема чест за него, но на крајот тие немаа причина за радост бидејќи Сандерленд беше поразен со 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кукуреја лета на Светското, а во Реал Мадрид ги тријат рацете

Марк Кукуреја игра одлично на Светското првенство. Се истакнува со физика, фудбалски вешти…