Само пет дена преостануваат до првото овосезонско „Ел Класико“ кое ќе се игра на „Камп Ноу“, а навивачите сеуште се обидуваат да пронајдат влезница, иако оваа година тие се премногу скапи па дури и за стандард каков што е „Класикото“.
Сеуште е можно да се пронајдат карти преку официјалните канали на Барселона, меѓутоа тоа се главно ВИП влезници чија цена изнесува помеѓу 1300 и 2100 евра!
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Сепак, постојат и други начини како да се дојде до влезница по поефтини и колку толку прифатливи цен. Компаниите „Viagogo“ i „Ticketbits“ преку онлајн продажба нудат карти по цена од 513 и 1000 евра.
Па така на „Viagogo“ можете да најдете нормална карта по цена од 437 евра, додека ВИП картите кои вклучуваат храна и разни додатни погодности достугнуваат цена до неверојатни 13 185 евра.
Од друга страна „Ticketbits“ понуди неколку влезници по скандалозно високи цени како што се премиум картите кои се продаваат по 120.00 евра. Да, добро прочитавте – 120.000 евра.