Дома Фудбал Останато Златната копачка е мала утеха за Меси

Златната копачка е мала утеха за Меси

Аргентинецот победи и ја освои престижната награда по четврти пат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лионел Меси е најдобриот стрелец во Европа за сезоната 2016/17 и со 37 постигнати голови ја освои престижната награда „Златна копачка“.

Меси во последното коло постигна два гола во победата над Еибар и така го обезбеди првото место пред Бас Дост од Спортинг Лисабон, кој со неделниот хет-трик дојде до бројка од 34 гола.

На третото место е Пјер-Емерик Обамејанг со 31 гол, потоа Роберт Левандовски со 30, додека Хари Кејн е петти со 29. Сезоната се уште не е завршена единствено во Серија А, но таму првиот стрелец е Един Џеко со 28 гола, така јасно е дека Меси сосема сигурно останува прв.

Сепак, ова е мала утеха за Аргентинецот, бидејќи Барселона оваа сезона не ја освои титулата ниту во Примера, ниту во Лигата на Шампионите. Меси оваа награда претходно ја освојување во 2010., 2012. и 2013. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Инцидент на Мундијалот за време на минутата молк за жртвите во земјотресот (Видео)

За време на минутата тишина на Светското првенство, навивачите на Шпанија и Уругвај предиз…