Дома Фудбал Зидан нема дилема: Бензема е најдобар француски напаѓач на сите времиња

Зидан нема дилема: Бензема е најдобар француски напаѓач на сите времиња

Карим Бензема го однесе Реал Мадрид до победа против Атлетик Билбао (3:1).

Кралевите тешко стигнаа до победата, иако имаа играч повеќе скоро цел натпревар, но на крајот пресуди Бензема со два гола во финишот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Тренерот на Кралевите Зинедин Зидан после овој натпревар го нарече Бензема како најдобар француски напаѓач на сите времиња.

„Да, за мене е најдобриот француски напаѓач на сите времиња.“ – рече Зизу и додаде:

„Неговите бројки зборуваат сами за себе. Одигра повеќе од 500 натпревари, постигнува голови, а сега е комплетен играч за разлика од претходно. Не е тој чиста деветка, не размислува само за голови и затоа го обожавам.“

Бензема е во дресот на Реал од 2009. година, кога пристигна од Лион. Одигра вкупно 529 натпревари и постигна 259 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…