Дома Фудбал Зидан за финишот од преодниот рок: Може да има една или две бомби

Зидан за финишот од преодниот рок: Може да има една или две бомби

Tренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан не ја исклучува можноста неговиот клуб да доведе уште некое засилување во наредните два дена.

Преодниот рок завршува во понеделник, а Реал за крај може да изненади со уште некој гоолем трансфер.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


„Се може да се случи до понеделник. Една бомба, две бомби…Но, важен е утрешниот натпреварот. На крај и овој тим кој го имам е квалитетен и горд сум на сите играчи. Не би било чесно да се жалам“, изјави Зидан.

Повредите направиле проблем во неговите планови на почетокот од сезоната.

„Не можам да бидам среќен кога ќе видам толку повредени играчи, но им се случува на сите. Се надевам дека брзо ќе бидеме комплетни“, додаде Французинот.

Реал утре од 21:00 часот игра против Виљареал, а во првите два кола „кралевите“ освоија четири бода, додека Виљареал освои само бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Би било интересн: Надал сака да игра турнир со Ѓоковиќ, Мареј и Федерер, но – не во тенис!

Еден од најголемите тенисери во историјата и новопечениот пензионер сака повторно да се со…