Реал Мадрид вчера беше поразен од Валенсија со високи 4:1.
„Кралевите“ први стигнаа до водство, а потоа доживеаа вистински потоп. Интересно во овој дуел е што Валенсија дури три гола постигна од пенал, сите беа дело на Карлос Солер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После поразот тренерот на Реал Зинедин Зидан не сакаше да се „вади“ на ВАР и пеналите и за поразот се обвини самиот себе.
„Нема оправдување за ова. После првиот гол се распаднавме. Не сакам да зборувам за ВАР и судењето, јас сум виновен за поразот затоа што не пронајдов подобри решенија во играта“, изјави Зидан.
Зидан веќе некое време е мета на критики кои барем малку се намалија откако Французинот ја победи Барселона во „Ел Класико“.