Дома Фудбал Зидан: Едвај чекам да се затвори трансфер пазарот, да не ме прашувате повеќе за Нејмар!

Зидан: Едвај чекам да се затвори трансфер пазарот, да не ме прашувате повеќе за Нејмар!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинден Зидан е изморен од шпекулациите за Нејмар и едвај чека да се заврши преодниот рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Зидан денес зборуваше на пресконференција пред мечот со Ваљадолид, па новинарите неизбежно му го поставија прашањето за евентуалниот трансфер на Нејмар.

Во последните денови се погласни се шпекулациите дека Нејмар може да заврши на „Сантиаго Бернабеу“.

„Моментално работам со играчите кои ги имам на располагање и сконцетриран сум на утрешниот натпревар. Се може да се случи до 2-ри септември, кога ќе се затвори трансфер пазарот. Некои играчи можат да дојдат, а некои да заминат. Сакам што побрзо да дојде тој 2-ри септември и повеќе да не ми поставувате вакви прашања“, изјави Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голманот на Мароко против Холандија ја изведе најгенијалната одбрана на пенал во историјата на фудбалот (Видео)

Мароко во 1/16 финалето на Светското првенство ја елиминираше Холандија по подобро изведув…