Дома Останати Кошарка Звезда ја доби драмата со Партизан!

Звезда ја доби драмата со Партизан!

Кошаркарите на Црвена Звезда го победија Партизан со 92:86 во 18. Коло од АБА лигата.

Избраниците на Драган Шакот се реваншираа на најголемиот ривал за поразот во првиот дел од сезоната. Звезда оствари важна победа во борбата за влез во плеј-офот и сега има скор од 12/6, додека Партизан е на 14/4.

Најефикасен во победничкиот тим беше Били Берон со 26 поени. Американецот одигра одличен натпревар и беше најзаслужен за триумфот на црвено-белите.

Берон го следеа Лазиќ со 12 и Давидовац со 11 поени. Важна улога одигра и Куриџ кој ги погоди клучните слободни фрлања на 37 секунди до крајот. Партизан имаше напад да го намали заостанувањето, но Јарамаз промаши тројлка и тука беше крајот.

Во редовите на Партизан најдобар беше Немања Гордиќ со 14 поени, Пејџ и Јармаз имаа по 13, додека Волден уфрли 12.

Натпреварот се играше во одличен ритам, се играше кош за кош и ниту еден тим не успеа да дојде до поголема предност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Никола Јокиќ со магичен потег во НБА пресезоната

Јокиќ го воодушеви светот со неверојатен пас зад грб во пресезонската средба против Јута Џ…