Дома Фудбал Останато За тоа што на Рома и требаше еден век, Мурињо го постигна за две сезони

За тоа што на Рома и требаше еден век, Мурињо го постигна за две сезони

Жозе Мурињо успеа да ја одведе Рома во второ европско финале по ред откако вчера „волчицата“ ја одбрани предноста против Баер Леверкузен и обезбеди битка за трофеј.

Во својата историја долга 96 години Рома само двапати играла европско финале пред Португалецот. Во 1984 година кога во Купот на европските шампиони загубија од Ливерпул и во 1991 година Интер беше подобар во Купот на УЕФА.

Овој успех Мурињо го постигна во само две сезони откако ја однесе Рома во две европски финалиња и го донесе првиот европски трофеј со освојувањето на Конференциската лига минатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арасате се враќа во Осасуна за да ја спаси сезоната

Осасуна го отпушти Луис Мигел Рамис по поразот од Бетис и го врати Јагоба Арасате како нов…