Дома Останати Тенис За првпат по откажувањето на Ѓоковиќ се огласи Нина Стојановиќ: Само јас знам како се чувствував

За првпат по откажувањето на Ѓоковиќ се огласи Нина Стојановиќ: Само јас знам како се чувствував

Српската тенисерка Нина Стојановиќ настапуваше на Олимписките игри во Токио и заедно со Новак Ѓоковиќ требаше да играат меч за бронзен медал, но тој меч не се одигра затоа што Ѓоковиќ се откажа, па бронзата се додели на Ешли Барти и Џон Пирс.

Сега Стојановиќ за првпат се огласи за настапот во Токио и истакна дека многу жали што немала прилика да се бори за медал во Токио.

„Само јас знам како се чувстував кога сфатив дека нема да имам прилика да го играм својот најважен меч во кариерата – да се борам за олимписки медал. Исто така сфатив колку настапот на Ои ме исполни со најдлабоки емоции и ми донесе многу радост. Сакам да кажам пред се дека сум благодарна што бев помеѓу најдобрите спортисти во светот. Беше чест и привилегија да се игра заедно со најдобриот во историјата на нашиот спорт. Ви благодарам на сите за поддршката и љубовта која ми ја испраќавте во овој период. Годината продолжува, следуваат нови предизвици. Ја ценам секоја минута која ја поминав во Токио“, напиша на друштвените мрежи 25-годишната Нина Стојановиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

АТП воведува ново правило

Необичното долги паузи во тоалетите или медицинските прекини во критичните моменти наскоро…