Шпанските медиуми пренесуваат дека двајца фудбалери би можеле да го напуштат Реал Мадрид во јануарскиот преоден рок бидејќи не се задоволни со малата минутажа.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Станува збор за хрватскиот репрезентативец, Матео Ковачиќ кој оваа сезона добива мала минутажа, па поради тоа е спремен да ја промени средината во јануарскиот преоден рок.
Како што пренесува „Марка“, Ковачиќ би можел да се врати во Италија, каде неколку клуба покажуваат интерес за него, а најсериозен во намерите е италијанскиот шампион Јувентус. „Старата дама“ сака да го донесе Хрватот во јануари за да ја зголеми конкуренцијата во средниот ред.
Ковачиќ оваа сезона одигра само три натпревари, и тоа од клупата, или вкупно 71 минута. Тоа секако не е доволно за фудбалер кој сака да биде во добра форма за Мундијалот.
Исто така се шпекулира дека Реал би можел да го напушти и Дани Себаљос кој ова лето пристигна на „Сантиаго Бернабеу“ од Бетис.
Себаљос не може да се избори со жестоката конкуренција во „кралскиот“ клуб, па најверојатно ќе биде испратен на позајмица.