Дома Фудбал Англија Загрижувачки најави за „црвените“: Салах не е среќен, ако Реал го повика нема да каже „не“!

Загрижувачки најави за „црвените“: Салах не е среќен, ако Реал го повика нема да каже „не“!

Поранешниот англиски репрезентативец и сега ТВ аналитичар, Пол Мерсон забележи нешто загрижувачко за навивачите на Ливерпул, поврзано со Мохамед Салах.

Имено, тој зборуваше за тоа што Салах не ги прослави погодоците против Црвена Звезда, што според него значи дека е спремен за нов чекор во кариерата.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Мерсон верува дека само прашање на време е кога Реал Мадрид ќе „тропне на вратата“.

„Голгетерскиот учинок на Салах во Ливерпул е феноменален, но само прашање на време е кога ќе стигне повик од Реал Мадрид. Тоа е одличен учинок, да се биде играч кој најбрзо стигнал до бројката од 50 погодоци во Ливерпул не е мала работа, посебно кога луѓето зборуваат дека имате лоша сезона“.

„Но ако продолжи да постигнува голови ќе стигне повик од Мадрид. Како да не стигне? На нив им е потребно да направат нешто големо и може да го посакаат уште во јануари, а тогаш Ливерпул би бил во големи проблеми. Доколку Салах покаже желба да замине, Ливерпул ќе биде немоќен да го задржи“.

„Не можам да се сетам на последниот играч кој му кажал „не“ на Реал Мадрид. Салах не изгледа среќно во овој момент. Го гледав кога постигна гол против Хадерсфилд, говорот на неговото тело беше очаен. Доколку бев навивач на Ливерпул ќе бев загрижен. Доколку го одземете учинокот на Салах, ќе видите дека повеќе не се конкуренти за титулата. Навивачите на Ливерпул и претходно гледаа како ги напуштаа играчи. Би полуделе ако сега и Салах ги напушти“, изјави Мерсон за англиските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Елмас: Против Италијанци секогаш е тешко, посебно против Јувентус

Македонскиот фудбалер, Елиф Елмас во интервју за клупската страница на Лајпциг зборуваше п…