Дома Трансфер зона Заврши сагата: Диего Коста оди на позајмица

Заврши сагата: Диего Коста оди на позајмица

Контроверзниот напаѓач Диего Коста конечно ќе ја реши својата ситуација со Челзи, барем така најавуваат англиските медиуми.

Диего Коста на крајот на минатата сезона влезе во расправија со менаџерот Антонио Конте, а овој му се заблагодари на соработката и му порача дека може да си бара нов клуб.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Напаѓачот во текот на летото ги одби сите понуди бидејќи сакаше да се врати во Атлетико Мадрид, но поради забраната за трансфери која ја има шпанскиот клуб, „јорганџиите“ не можат да го донесат Коста до јануари.

Сега Коста не може да се врати ни во Челзи бидејќи е суспендиран од страна на „сините“, но се чини дека сагата би можела да се заврши уште утре. Англиските медиуми најавија дека напаѓачот утре би можел да се пресели во Фенербахче, кој е спремен за едногодишна позајмица да му плати на Челзи 5 милиони евра.

Сепак, многу е веројатно дека Бразилецот со шпански пасош ќе остане во Фенербахче до јануари, а потоа ќе се пресели во Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…