Дома Фудбал Англија Заврши рокот да испраќње понуди: Кој ќе биде новиот сопственик на Манчестер Јунајтед?

Заврши рокот да испраќње понуди: Кој ќе биде новиот сопственик на Манчестер Јунајтед?

Рокот за испраќање понуди за купување на Манчестер Јунајтед заврши, а засега во трка шеикот Ал Тани и Сер Џим Ратклиф.

Шеикот и претседател на конзорциумот од Катар, Јасмин Бин Хамад преку соопштение потврди дека испратил понуда.

„Шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани го потврди поднесувањето на понуда за стекнување на 100% акции од фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед“, се вели во соопштението. „Понудата е насочена за враќање на клубот кон поранешната слава“, се вели во соопштението на катарскиот конзорциум.

Покрај него, како и што се најавуваше понуда доставил најбогатиот човек во Велика Британија и голем навивач на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ратклиф. Неговата понуда била доставена неколку минути пред 23:00 часот вчера, кога рокот истекуваше.

Сега на потег е семејството Глејзер, па потоа ќе се знае кој ќе биде новиот сопственик на „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал го награди Артета со нов договор

Микел Артета потпиша нов долгорочен договор со Арсенал по успешната сезона во Премиер лига…