Дома Топ вести Завршена обдукцијата на телото на Сала: Познато од какви повреди починал фудбалерот

Завршена обдукцијата на телото на Сала: Познато од какви повреди починал фудбалерот

0

Eмилијано Сала го изгуби животот во падот на авионот на 21-ви јануари кога леташе од Нант кон Кардиф.

Аргентинскиот напаѓач неколку дена претходно потпиша за Кардиф каде што пристигна од Нант за 17 милиони евра, но потоа се случи трагедијата која го шокираше светот. Сала се врати во Нант да се прости од соиграчите, а на враќањето авионот кој го управуваше пилотот Дејв Иботстон се сруши во англискиот канал.

Потрагата по авионот траеше две недели за на крајот остатоците да бидат пронајдени на дното на морето. Истражителите во авионот пронајдоа и тело за кое подоцна се потврди дека е Сала.

Денес медиумите објавија дека обдукцијата е завршена и дека е познато од какви повреди починал Аргентинецот.


Следете го Sportski.mk и на


Обдукцијата на телото покажала ека Сала се здобил со повреди на главата кои биле кобни за неговиот живот. Во соопштението се додава дека шансите да се преживее ваков па на авион биле навистина мали.

Ќе потсетиме, телото на пилотот Иботсон се уште не е пронајдено.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вардар од +5 на полувремето на крајот изгуби од Веспрем

Maкедонскиот ракометен шампион Вардар денес во натпревар со две лица запиша пораз од тимот…