Дома Трансфер зона Заборавениот Алесандро Пато пред враќање во поранешниот клуб

Заборавениот Алесандро Пато пред враќање во поранешниот клуб

Кога ќе се спомене името на бразилскиот напаѓач Алесандре Пато многумина прво што помислуваат е неговиот гол за Милан против Барселона во Лигата на шампионите.

Натпреварот само што започна, не помина ниту минута, а Пато ја турна топката измеѓу двајца во средината застана секунда, а потоа рутински постигна гол за водство на Милан. Беше тоа навистина маестрален гол и дел од магијата и талентот кој несомнено го поседуваше. Сепак, бројните повреди беа причина да не направи голема кариера, иако и вака не може да се каже дека не беше успешна.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Денес Пато има 30 години и после две сезони во Кина одлучи да се врати во Сао Паоло чиј член е од 2019 година. За репрезентацијата на Бразил собра 27 настапи и постигна 10 гола. Бразилските медиуи сега пишуваат дека Пато многу брзо ќе биде претставен како нов играч на Интернационал, клубот од каде што првпат дојде во европскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…