Дома Трансфер зона Жозе Мурињо ги сака ѕвездите на Интер и Милан!

Жозе Мурињо ги сака ѕвездите на Интер и Милан!

0

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо сака да ја засили дефанзивната линија во зимскиот преоден рок.

Во текот на летниот преоден рок раководството на Јунајтед не успеа да му ја исполни желбата на „Специјалниот“ и не му донесе дефанзивец од светска класа, па ќе се обиде тоа да го стори во јануари.

Англиските медиуми пренесуваат дека на радарот на „црвените ѓаволи“ се наоѓаат дефанзивеците на Милан и Интер, Алесио Ромањоли и Милан Шкриниар.

Двајцата стопери имаат по 23 години, а веќе се етаблираа како едни од најдобрите дефанзивци во Серија А, па Мурињо сака по секоја цена еден од нив да го донесе во својот тим.

Манчестер Јунајтед се обиде да го донесе Шкриниар во летниот преоден рок, но неуспеа во намерата, додека Милан одби понуда од 50 милиони евра за Ромањоли.

Поради тоа, тешко дека „Специјалниот“ ќе успее во својата намера, бидејќи миланските гиганти немаат намера да се откажат од своите најдобри дефанзивци.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„А Бола“: Реал Мадрид спрема изненадување!

Иако Бруно Фернандеш беше на чекор од Манчестер Јунајтед, трансферот не се реализираше. Се…