Дома Трансфер зона Жоао Феликс порабал трансфер

Жоао Феликс порабал трансфер

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс побарал од раководството на клубот да биде продаден во следниот преоден рок.

Португалецот падна во втор план кај Диего Симеоне откако пристигна Гризман, па неговата минутажа значително ќе се намали оваа сезона.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Феликс побарал од раководството да биде продаден, а веќе го известил агентот да му бара нов клуб.

Најсилен интерес за него покажуваат ПСЖ и Ливерпул. „Светците“ во него гледаат идеален наследник на Мбапе, кој е на излезна врата.

„Јорганџиите“ за неговиот трансфер бараат 80 милиони евра, а двата клуба наводно се спремни да ја платат таа сума.

Жоао Феликс во 2019 година пристигна во Атлетико за рекорден трансфер од 127 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…