Изгледа дека францускиот напаѓач пронајде нов клуб.
Жиру минатата сезона го продолжи договорот со Челзи, на уште една година, но од кога дојде Френк Лампард не добива премногу простор за игра и очигледно е време за промена на средината.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Многу клубови се поврзуваа со Французинот, а како што пренесува италијански „Скај“ на крај тој се договорил со Интер.
„Нероаѕурите“ според информациите на истиот извор ги договориле личните услови со корпулентниот напаѓач и останува сега да се договорат клубовите. Жиру има само уште шест месеци од договорот и Челзи наводно бара осум милиони евра.
Жиру од Интер добил понуда за договор на две години, но таа понуда важи само ако трансферот се реализира во јануари.
„Нема ништо ново. Ќе ви го дадам истиот одговор. Разговарав со Жиру и се е јасно. Ако условите се задоволувачки и за него и за нас, ќе разговараме за негово заминување“, изјави Лампард за неговата ситуација пред неколку дена.