Дома Фудбал Останато Ждрепката од 13 часот: Лигата на Европа како Лигата на Шампионите – Против кого ќе играат Милан, Арсенал, Дортмунд и Атлетико?

Ждрепката од 13 часот: Лигата на Европа како Лигата на Шампионите – Против кого ќе играат Милан, Арсенал, Дортмунд и Атлетико?

Познати се сите учесници во осмина финалето во Лигата на Европа, а ждрепката ќе се одржи денеска во 13 часот во Нион.

Ждребот е отворен, што значи дека нема да има носители, а во оваа рунда од натпреварувањето можат да играат и клубови од иста земја. Единствено меѓусебно не може да играат клубови од Украина и Русија.

Првите натпревари од осмина финалето се на распоред на 8. март, а реваншите една недела подоцна. Финалето е на 16. мај во Лион.

Пласман во осмина финалето изборија европски гиганти како Атлетико Мадрид, Милан, Борусија Дортмунд, Лион, Арсенал и Марсеј. Следуваат Динамо Киев, Лацио, Лајпциг, Спортинг, Викторија Плзен, Атлетик Билбао, Салзбург, Локомотив Москва, ЦСКА Москва и Зенит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роберто Солдиќ со победа на дебито во UFC!

Роберто Солдиќ го оствари својот прв триумф во UFC, победувајќи го Хаос Вилијамс на спекта…