Дома Фудбал Англија Ждреб во ФА Купот: Чурлинов и Барнли против Манчестер Сити!

Ждреб во ФА Купот: Чурлинов и Барнли против Манчестер Сити!

Вчера беа завршени осминафиналните натпревари во ФА Купот, а веднаш по завршување на истите беше одржана ждрепката во која се избегнаа најголемите фаворити за трофејот, градските ривали од Манчестер

Јунајтед во осминафиналето го победи Вест Хем со 3:1, додека ждрепката сакаше во четвртфиналето „црвените ѓаволи“ да играат против Фулам и во тој дуел ќе бидат големи фаворити за место во полуфиналето.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Дарко Чурлинов и Барнли немаа среќа и за противник го добија Манчестер Сити. Ова ќе биде и враќање на Компани на „Итихад“ како тренер на второлигашот. Белгиецот најдобрите денови во кариерата ги помина токму во редовите на „граѓаните“.

Во останатите натпревари четвртолигашот Гримсби кој го шокираше Саутемптон ќе гостува кај Брајтон, додека Шефилд ќе го пречека Блекбурн. Натпреварите се играат на 18-ти и 19-ти март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Погледнете го дивјачкиот испад на тренерот во Хрватска – пцуеше и туркаше судија (Видео)

Подравац го победи Братство со резултат 1:0 на натпреварот од 13. коло на Елитната ЖНЛ на …