Дома Трансфер зона Поранешен играч на Интер тврди: Жанг има пари за Меси!

Поранешен играч на Интер тврди: Жанг има пари за Меси!

Поранешниот претседател на Интер Масимо Морате пред неколку дена изјави дека не е забрането Интер да го сонува Меси, а сега на ова се надоврза и поранешниот играч играч на Интер, Французинот Беноит Каует.

Каует слично како и Морати верува во она што сега на сите ни изгледа како лудост, дури и тоа е мал збор да се опише. Французинот е убеден дека претседателот на Интер има и желба и пари да го доведе Меси на „Џузепе Меаца“.

„Секако дека Интер може да го кушпи Меси. Претседателот Жанг има и пари и желба. Тој е човек кој размислува за големи работи“.

Мартин Кастиља, новинар од аргентинскиот „ТНТ“ смета дека трансферот на Меси не е само сон. Аргентинецот на тој начин би започнал ново ривалство со Роналдо кој во Јувентус е од летото 2018 години, но додава и дека Меси би можел да размисли и за понуда од Њуелс Олд Бојс од Аргентина каде што ја започна кариерата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јунајтед и Сити водат битка за албански репрезентативец

Двата клува од Манчестер на лето ќе се борат на трансфер пазарот за потписот на дефанзивец…