
Првата тенисерка во светот Ешли Барти го освои овогодинешниот Вимблдон.
Одличната Австалијанка во денешното финалети ја победи Каролина Плишкова со 2:1 во сетови 6:3, 6:7 и 6:3.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Првиот сет донесе доминација на Барти. Доминираше во воведните минути и ги доби првите четири гема без проблем. На крајот го доби сетот со 6:3 и се пласираше во финалето.
Вториот сет донесе голема борба, Барти прва направила брејк во третиот гем, но Плишкова возврати во шестиот. Кога во 11 гем Австалијката повторно дојде до брејк изгледаше дека се е готово во овој меч. Меѓутоа сервисот за титула Барти не го искористи, Плишкова го возврати брејкот и дојде до 6:6.
Во тај-брејкот на вториот сет Плишкова доминира. Го освои вториот сет со 7:6 и доаѓа до изедначување на 1:1.
Австралијката одлично го отвори одлучувачкиот сет и дојде до водство од 3:0. До крајот на сетот не го испушти брејкот и првпат во кариерата го освои Вимблдон.