Тимот на Пелистер денес ја запиша 15. победа во првата лига, иако се намачи нешто повеќе. На домашен терен во Битола славеа против Еуро Никел со 93:84 и тоа откако се вратија од 17 разлика.
Битолскиот тим така се врати на лидерското место пред МЗТ Скопје. Првото полувреме им припадна на Кавадарчани кои лесно го наоаѓаа патот до кошот. Во второто гледавме поинаква слика на теренот, Пелистер предводен од Малешевиќ и Кесар направи серија од 17:0 која беше веројатно и клучната во натпреварот. Во тој момент домаќинот поведе со 73:71.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еуро Никел не успеа да ја врати играта од првиот дел, па така Пелистер ја задржа предноста и успеа да слави.
Видео: Димитар Петковски