Дома Топ вести Ерик Баи го напушта Јунајтед во јануари, но останува на Островот

Ерик Баи го напушта Јунајтед во јануари, но останува на Островот

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи ќе побара трансфер од раководството уште во зимскиот преоден рок, пренесуваат медиумите на Островот.

24-годишниот дефанзивец го загуби местото во стартниот тим после поразот од Брајтон. Тогаш Баи беше посочен од страна на Мурињо како главен виновник за поразот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Од тогаш Баи остана на клупата во следните три меча, а „Мирор“ тврди дека сигурно ќе побара трансфер во јануари.

Најсилен интерес за него покажуваат лондонските клубови Арсенал и Тотенхем, а Баи е спремен да се пресели во еден од конкурентите.

Сепак, прашање е дали Мурињо ќе му дозволи на Баи да замине, со оглед на фактот дека и онака располага со слаб квалитет во одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…