Дома Трансфер зона Емре Чан демантира: Не сум потпишал никаков договор, стопирани се сите преговори

Емре Чан демантира: Не сум потпишал никаков договор, стопирани се сите преговори

Фудбалерот на Ливерпул, Емре Чан ги демантираше медиумите.

Германскиот играч за врска се уште не донел одлука за тоа дали ќе остане во Ливерпул или ќе ја промени средината.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Договорот на Чан со „црвените“ истекува на крајот на оваа сезона, а Германецот има право во последните шест месеци да преговара со заинтересираните клубови. Медиумите од Италија неодамна објавуваа дека Чан се договорил со Јувентус и дека веќе потпиша преддоговор.

Меѓутоа сега во медиумите се огласи самиот фудбалер кој порача дека таквите информации не се точни и дека не потпишал ниту со Јувентус, ниту пак со било кој друг клуб. Чан откри дека има големи шанси да остане во Ливерпул, но дека се ќе биде познато на крајот од сезоната.

„Секако дека морам да мислам на иднината. Не сум потпиша за некој клуб како што медиумите тврдат. Фокусиран сум на Ливерпул. Сакаме да бидеме втори во Премиер лигата и да направиме што подобар резултат во Лигата на шампионите. Мојот агент ги стопираше сите преговори, сега мислам само на фудбалот“, изјави Чан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…