Дома Фудбал Англија Емре Чан го пропушта Мундијалот – аут до крајот на сезоната

Емре Чан го пропушта Мундијалот – аут до крајот на сезоната

Повредата на Емре Чан е посериозна од колку што се очекуваше и Германецот сигурно ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната, а голема е веројатноста да го пропушти и Мундијалот, пренесуваат англиските медиуми.

Играчот за врска на Ливерпул има проблеми со грбот, а повредата се покажа посериозна од првичните прогнози.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ова во принцип значи дека Германецот веќе го одиграл последниот натпревар за Ливерпул бидејќи на крајот на сезоната ќе замине од „Енфилд“ како слободен агент. Јувентус е фаворот за неговиот потпис, но многу европски гиганти покажуваат интерес за него.

Јирген Клоп се надеваше дека Чан ќе биде спремен за реваншот со Сити на „Етихад“ и ќе биде замена за Хендерсон, но Германецот ќе биде во аут до крајот на сезоната.

Сериозно е загрижен и Јоаким Лев бидејќи може да загуби важен играч во ротацијата за Мундијалот во Русија. Големи се шансите Емре Чан да го пропушти Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалскиот свет во тага: Почина Мирчеа Луческу

Легендарниот романски фудбалски тренер Мирчеа Луческу почина на 80-годишна возраст. Според…