Дома Фудбал Англија Емери објасни зошто го изостави Озил од натпреварот против Јунајтед

Емери објасни зошто го изостави Озил од натпреварот против Јунајтед

Манчестер Јунајтед и Арсенал во моментот го играат дербито на колото во ПЛ, а резултатот после 60. минути игра е 1:1.

Сепак, она што изненади пред натпреварот е тоа што Месут Озил не допатува со екипата во Манчестер, а тренерот Унаи Емери пред самиот почеток на натпреварот беше запрашан зошто донел таква одлука.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Шпанецот во една реченица го овјасни својот потег: „Tој не се чуствува добро. Одлучив дека ова се почетните 11 и тоа е тоа.“

Германецот оваа сезона настапи само на еден натпревар во ПЛ против Ватфорд кога одигра 70 минути, а пред неколку дена имаше иста минутажа и во натпреварот во купот против Нотингем.

Овој потег доаѓа додека и натаму траат шпекулациите дека Озил може да го напушти Емирати во јануари.

Арсенал има големи проблеми со платата на Озил која изнесува 350.000 фунти неделно, што го прави најплатен играч на овој тим, а лондонскиот тим сака да го реши тој проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тен Хаг поради пет милиони евра одби клуб каде што стана легенда

Само две недели по неочекуваното отказ во Баер Леверкузен, Ерик тен Хаг наводно одбил да ј…