Дома Топ вести „Ел Класико“ за ѕвездата на Наполи

„Ел Класико“ за ѕвездата на Наполи

Шпанските великани Барселона и Реал Мадрид водат големи битка на и надвор од теренот, а често знаат да „фрлат око“ на исти фудбалери на трансфер пазарот.

Медиумите тврдат дека Барселона и Реал Мадрид ќе водат голема битка за потписот на шпанскиот репрезентативец и член на Наоли, Фабиан Руиз.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


23-годишниот Шпанец минатото лето пристигна во Наполи од Бетис и одигра одлична сезона, притоа блеска со младата репрезентација на Европското првенство.

Минатата сезона Шпанецот одигра 40 меча за Наполи и постигна седум гола, а игра добро и на стартот на оваа сезона, па поради тоа двата шпански гиганти ќе се обидат во јануари да го добијат неговиот потпис.

Зидан е голем симпатизер на неговата игра и дал „зелено светло“ за трансферот, а Реал спреми 70 милиони евра за неговиот потпис.

Меѓутоа, проблем за „кралевите“ ќе биде конкуренцијата, бидејќи Барселона веќе подолго време го следи Шпанецот и смета дека ќе биде идеален наследник на Бускетс и партнер на Де Јонг во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…