Турските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел да се пресели во Галатасарај.
Елмас оваа сезона е во втор план во Наполи, но откако пристигна Мацари се очекува работите да се променат за македонскиот „дијамант“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа оваа вест за враќање во Турција звучи малку неверојатно, особено поради фактот што Галатасарај го сака Елмас на позајмица.
Притоа, Елмас е поранешен играч на лутиот ривал Фенербахче, каде ја доживеа својата афирмација, па тешко дека би прифатил ваков трансфер.