Вакво нешто можеше да се очекува, Јунајтед по раната елиминација од Лигата на шампионите би можел да соочи со голема загуба.
Имено, Севиља го победи Манчестер Јунајтед и така му стави до знаење дека во овој момент тимот е далеку од европската елита, па ваквата ситуација како причина за заминување би можел да ја искористи Давид Де Геа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред Шпанецот е понуда од 20 милиони евра по сезона за да остане во клубот, но како што пишуваат англиските медиуми тој би ги жртвувал парите и би се откажал од шест или седум милиони евра за да се врати дома.
Притисокот од семејството расте, а сега на тоа би можел да се додаде и професионалниот предизвик. Според медиумите на Островот, Де Геа не верува дека ваков Јунајтед може да стигне до титулата во Премиер лигата или Лигата на шампионите.
Дури и да не мисли така, јасно е дека може да го искористи како изговор.
Јунајтед сигурно ќе сака да спречи вакво сценарио, но доколку Де Геа одлучи и искаже незадоволство, „ѓаволите“ не ќе можат ништо да направат.
Сумата која сега се споменува се огромни 120 милиони евра, тоа секако би бил најголемиот трансфер кога се голманите во прашање. Да потсетиме, Де Геа беше на чекор од Реал Мадрид во 2015 година кога трансферот пропадна само поради документацијата која не стигна на време.