Дома Трансфер зона „Екип“ тврди: Ливерпул договори засилување од 80 милиони!

„Екип“ тврди: Ливерпул договори засилување од 80 милиони!

Еминентниот француски весник „Екип“ тврди дека Ливерпул е многу блиску до комплетирање на трансферот на ѕвездата на Лил, Николас Пепе.

23-годишниот напаѓач е вистинска сензација оваа сезона во Лига 1 и го привлече вниманието на многу европски гиганти меѓу кои Арсенал, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Интер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пепе е репрезентативец на Брегот на слоновата коска и оваа сезона постигна 23 гола и запиша 13 асистенции на 41 натпревар за Лил.

„Екип“ тврди дека Ливерпул ја победил конкуренцијата и дека е на чекор да го комплетира трансферот. „Црцените“ за потписот на Пепе понудиле 80 милиони евра, и би требало да биде втор најскап трансфер во клубот, после Вирџил ван Дајк.

Пепе е крилен напаѓач кој може да игра како алтернатива за Мане или Салах, па Клоп смета дека ќе биде од голема помош за неговиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…