Дома Трансфер зона Едно од најголемите промашувања на Рома ќе игра во Малта

Едно од најголемите промашувања на Рома ќе игра во Малта

Љубителите на Серија А, посебно навивачите на Рома го паметат Сејду Думбија како едно од најголемите промашувања во последните години.

Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата после одличните настапи за ЦСКА за сума од 15 милиони евра потпиша за Рома, меѓутоа беше вратен после само шест месеци бидејќи не беше толку добар како што се очекуваше. Времето го Рома практично го помина на позајмици во Њукасл, Базел и Спортинг пред лисабонскиот клуб да откупи за три милиони евра. Само после една година беше отпуштен и премина во швајцарскиот Сион каде што се задржа шест месеци.

Од март минатата година беше без клуб, а денес потпиша договор со клуб од Малта. Думбија во наредните пет месеци ќе биде играч на Хамрун Спартанс кој се натпреварува во елитниот ранг од фудбалската сцена во оваа земја. Во прашање е клуб кој во 2014 година беше третолигаш кога го допре дното. Сепак, набрзо почна да се враќа назад. Во 2015 година се врати во втора и една година подоцна во Супер лигата на Малта.

Тогаш дојде до пресврт и голема промена, се промени најголемиот дел од управата и со нов ентузијазам имаат највисоки амбиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Симеоне може да добие засилување од Тотенхем

Џовани Ло Селсо беше на мета на Атлетико Мадрид уште во 2019 година кога блесна во Бетис. …