Ветеранот Едисон Кавани постигна договор со Виљареал и кариерата ќе ја продолжи во шпанскиот клуб, пренесува „Марка“.
Кавани е слободен агент откако му заврши договорот со Манчестер Јунајтед, па сега конечно најде нов клуб.
Пред Виљареал да го објави трансферот на Кавани треба да се раздели со Пако Алкасер, кој е пред трансфер во Селта.
Кавани има 35 години и одби неколку понуди од клубови од САД, бидејќи сакаше кариерата да ја продолжи во европската елита.