Европските гиганти се заинтересирани за услугите на фудбалерот на Борусија Мехенгладбах, Денис Закарија.
Станува збор за 24- годишен фудбалер од средниот ред кој импресионира минатата сезона со настапите во Бундеслигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Закарија може да игра на сите позиции во средниот ред, па токму поради тоа е голема желба на многу европски гиганти.
Швајцарецот е на радарот на Јувентус, Барселона, Баерн Минхен и Ливерпул, кои веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.
Закарија влезе во последната година од договорот, па во јануари ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови.
Споменатите клубови сакаат да го донесат Швајцарецот на лето како слободен играч.