Екс тренерот на Барселона, Луис Енрике, кој е посочен како главен фаворит за заменик на Арсен Венгер, побарал од раководството на Арсенал 200 милиони евра за летни трансфери.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Англиските медиуми пренесуваат дека Шпанецот сака нови засилувања во сите линии од тимот, особено голман, одбрана и среден ред.
Наводно Енрике бил задоволен само од состојбата во нападот каде „топџиите“ ги имаат Обамејанг и Лаказет, но и Михтаријан и Озил како поддршка.
„Сан“ пренесува дека главна трансфер цел на Енрике е Раџа Наинголан од Рома. Притоа, откриена е и платата која Шпанецот ја побарал од раководството, а таа изнесува 9 милиони евра.
Арсенал не е единствениот клув од Премиер лигата кој го сака Луис Енрике. Челзи исто така во него гледа идеален наследник за Конте.