Дома Фудбал Останато Драма во Париз: Покетино го заменил Ди Марија затоа што му било киднапирано семејството!

Драма во Париз: Покетино го заменил Ди Марија затоа што му било киднапирано семејството!

Неверојатна вест пристигнува од Франција – крадци влегле во домот на Ди Марија додека тој го играл натпреварот помеѓу ПСЖ и Нант (1:2) и му киднапирале дел од семејството.

За време на натпреварот помеѓу ПСЖ и Нант Покетино го замени Ди Марија поради споменатата ситуација. Веста до Покетино ја пренесе директорот Леонардо кој му довикуваше од трибините Аргентинецот да биде заменет.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Покетино на местото на Ди Марија во игра го стави Паредес, а Ди Марија не остана на клупата за резерви како што е вообичаено после една измена туку веднаш се упатил во соблекувалната.

Во неговиот дом се одвивала вистинска драма и Ди Марија пристигнал за да го реши случајот. Засега повеќе детали за грабежот и киднапирањето не се познати.

СИТУАЦИЈАТА КОГА ДИ МАРИЈА БЕШЕ ЗАМЕНЕТ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шок: Челзи може да остане без засилувања за Лигата на шампионите?!

Челзи се соочува со можноста да остане без засилувања за Лигата на Шампионите бидејќи, сог…